Амбасадорката Лоренс Оер: Ние сите сме Шарли

Од:

Амбасадорката на Франција во РМ, Лоренс Оер, по повод трагичниот настан вчера во Париз, во Скопје одржува омаж на загинатите карикатуристи. Во соопштението се вели:

Денес е ден на национална жалост во Франција и во светот, во дипломатските и конзуларните претставништва на нашата земја.

Вчера, во 11 часот, во еден подмолен чин, при еден ладнокрвно извршен кукавички напад, против седишетето на Шарли Ебдо, паднаа до овој миг 12 жртви.

Познати карикатруисти од францускиот печат, новинари, вработени и двајца припадници на полицијата се во редот на жртвите. Тие паднаа под куршумите на омразата и нетолеранцијата.

Шарли Ебдо ја отелотворува во Франција слободата на изразување на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градење на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежот, хуморот се израз на една фундаментално право, слобода на мислење.

Напаѓајќи го Шарли Ебдо поради неговите ставови, напаѓачите сакаат да не застрашат, да ја замрзнат нашата мисла за да ја напуштиме денес идејата за слобода и утре идејата за демократија. Ние не го прифаќаме тоа варварство, ние никогаш нема да потклекнеме пред нетолеранцијата, пред тероризмот. Насекаде во светот, Француските граѓани и сите носители на демократијата го креваат својот глас за тоа да го искажат.

Би сакала да им оддадам омаж на Шарб, на Волински, на Тињус и на другите лица кои паднаа пред налетот на куршумите. Ние сите сме Шарли, стои во соопштението на Амбасадата на Франција.