ВИДЕО: Му простил на човек поради кој бил во затвор 39 години

Од:

По 39 години поминати зад затворски решетки, Рики Џексон од Кливленд е слободен човек. Тој речиси четири децении бил во затвор поради сведок кој лажно сведочел против него.

Џексон всушност бил обвинет за злосторство кое што се случило во 1975 година во неговиот роден град, кога во тек на ден бил ограбен и убиен еден продавач.

-Се сеќавам на тој ден, тоа беше последниот ден кога чувствував дека сум жив- вели Џексон кој тогаш имал 18 години.

Поради лажен исказ на еден сведок тој е осуден на смртна казна и цели 39 години, чекал на извршување на пресудата. Сепак Едвард Вемон кој во далечната 1975 година имал само 12 години и кој сведочел лажно, сега го повлекол својот исказ и благодарение на тоа Џексон повторно е слободен човек.

-Сите овие години во себе го криев срамот и вината и не сакав повеќе да го носам тоа во себе. Го направив тоа што требаше одамна да го направам-вели тој и додава дека Џексон го знаел само површно и дека воопшто не го видел на местото на злосторството и дека полицајците му рекле што треба да каже пред судот.

Џексон кој пред речиси два месеци излезе на слобода и започна нов живот, успеа да му прости на човекот поради кој помина 39 години во затвор.

-Треба многу храброст за ова што Верон го направи, му бев лут, го мразев, но сега му простив. И двајцата сме жртви во оваа приказна- вели Џексон за американските медиуми.

Од неговата одлука е шокиран и самиот Вемон, кој не верува дека Џексон му простил.

-Не знам како може да ме прегрне по се што му направив – вели Вемон.

Е. Г.