Бан Ки-мун: Палестинците ќе се приклучат кон МКС на 1 април

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека Палестинците ќе се приклучат кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) на 1 април оваа година.

Членството во МКС ќе им овозможи на Палестинците да покренат обвиненија за воени злосторства против Израел.

Палестинците во петокот поднесоа документи за ратификување на Римскиот статут, со кој е уреден МКС, и на тој начин го направија последниот официјален чекор за приклучување кон судот.

Бан истакна дека „статутот ќе стапи во сила за државата Палестина на 1 април 2015 година“.

Палестинскиот потег предизвика закани за соодветни мерки од страна на Израел и се соочи со силен отпор од САД, бидејќи се смета како контрапродуктивен и пречка за постигнување на израелско-палестински мировен договор.