Седум тајни на Толстој за среќен живот

Од:

Познатиот руски писател Лав Николајевич Толстој имал аристократско потекло кое во младите денови од својот живот му озвоможил бурен и возбудлив живот. Но, подоцна ги отфрли овие верувања и усвои радикален и неконвенционален поглед на светот кое го шокираше неговото старо опкружување.Еве која беше неговата животна филозофија

Умот нека ви биде отворен

Толстој имал можности и волја за промена на начинот на размислување врз основа на сопствените искуства. Крворполевањето на кое присуствувал во текот на Кримската војна, го направи пацифист до крајот на животот.

Покажете емпатија

Толстој покажувал невообичаена емпатија, така што се ставал во улога на луѓето чиишто животи биле поразлични од неговиот. Во текот на 60-те години на 19 век не само што се облекувал како обичен селанец, туку и започнал да работи заедно со другите селани на својот имот.

Направете разлика

Им помагаше на другите луѓе, најмногу во борбата против гладта. По пропадната жетва во 1873 година, Толстој започна да ја пишува „Ана Каренина“ за да организира помош за гладните. Во 1891 година работел во народните кујни во Русија, за да се справи со гладта што ја зафати таа земја.

Усовршете ја уметноста на едноставно живеење

По нервниот слом кој го доживеа во 70-те години на 19 век, Толстој ги отфрлил сите организирани религии вклучувајќи го и православното црковно учење со кое пораснал. Го прифати револуционерното видување на христијанството, кое се темели на духовно и материјално откажување. Престна да пуши и да пие и постана вегетаријанец.

Чувајте се од сопствените противречности

Овој негов нов, упростен начин на живот не беше без борба и противречности.Тој беше познат по тоа што пропагираше љубов, а постојано беше во судир со својата жена. Покрај тоа, иако се залагаше за рамноправност меѓу луѓето, никогаш не бил подготвен да се откаже од богатството и привилегиите.

Научете занает

Толстој признал дека рамнотежата меѓу умот и телото била клучен дел за неговиот креативен процес. Не само што редовно ја орал својата нива, умеел со алат да поправи чевли.

Проширете го кругот

Клучната животна лекција која може да се земе како пример од Толстој е, на најдобар начин на соочување со предрасудите е опкружување со луѓе чиишто погледи на животот и животен стил се разликуваат од нашите.