Што им беше успех на лидерите во 2014 година?

Од:

Барак Обама шефот на Белата куќа објави војна во Исламската држава, врати дел од војската во Ирак, почна да бомбардира делови од Сирија, го продолжи останувањето на трупите во Авганистан и продолжи од дронови да удира по осомничените за тероризам. Не се ретки дури и неговите политички пријатели кои оваа одлука ја оценија како продолжување на омразената војна против теророт на омразениот претходник на Обама, Џорџ Буш. Земјата му ја погодија расни немири и тежок скандал со детали за тоа како ЦИА ги мачела затворениците во тајните затвори во светот. На смртниот непријател со тортурата во Гвантанамо некако им појде од рака да не го затвори затворот во Куба и да застане во заштита на разнузнувачката служба. Неговата партија го изгуби мнозинството во двата дома на Конгресот. По сето тоа, како е можно да се зборува за успех? Можно е, бидејќи пред крајот на годината донесе две прогресивни одлуки: на илегалните имигранти дозволи да останат во САД и воспостави дипломатски односи со Хавана. И покрај статусот на крива патка, во својата земја тој сеуште е најмноќниот човек на светот и некој кој за сега се прикажа како победник во украинската битка во новата студена војна.

Кси Џинпинг

Си Џипинг, претседателот на Кина, не може да ја сокрие насмевката додека гледа како САД повторно се вовлекуваат во блискуисточниот проблем на кој веќе се потрошија илјадници милијарди долари, во голема мера позајмени од Пекинг. Од новата студена војна меѓу Западот и Русија, Кина засега профитираше. Склучи енергетски договор со Москва и го продолжи продорот на пазарот во Европа, Латинска Америка и Африка, за кое противниците во студената војна моментално немаат време. Иако Кина може да се пресмета со политичките неистомисленици и секоја година убива околу илјада луѓе, Си дочека неговата земја поради судирот на американските бели полицајци со црните демонстранти да ја критикува демоктатијата во САД.

И покрај тоа што Амнести интернешенал редовно го критикува Пекинг, Си може да биде задоволен што владее ширум светот главно не обрнувајќи внимание на тоа и секаде го дочекуваат како лидер на земја со исклучителен економски раст и вишок на пари за инвестиции.

Владамир Путин

Владимир Путин, лидер на Кремљ, мораше да следи како власта во Киев од раката на прорускиот претседател преминува кај проевропските и пронатовските сили, како Западот на Русија воведе економски санкции и како вредноста на рубљата и цените на енергентите паѓаат, нанесувајќи огромна штета на руската економија. Се откажа од проектот Јужен тек, со кој сакаше да ја заобиколи Украина при транспорт на гасот кон Европа.

Сепак, Путин во своите стратешки поени мораше да го вброи и тоа што го анектираше Крим и така ги зачува тамошните руски воени бази. Впрочем, Москва остана важен играч во решавањето на проблемот во Украина, граѓанската војна во Сирија и нуклеарните преговори со Техеран. Добра вест за Путин е и тоа што покрај сите неволи во државата има исполнет приватен живот, па неодамна на редовна конференција за новинарите изјави дека е сакан и дека сака.

Франсоа Оланд мала.jpg

Франсоа Оланд, првиот човек на Елисејската палата, падна на 13 отсто поддршка од граѓаните, па за негов најголем успех оваа година може да се смета тоа што остана претседател, наспроти огромната непопуларност. Преживеа и невиден скандал дури и за француското поимање на романтиката и правата на приватноста на јавните личности кога во медиумите обелоденија дека невенчаната сопруга Валери Тривајлер ја изневерува со глумицата Жили Гаје. Првата дама од таблоидите дозна дека Оланд на скутер се прикрадува и оди во прегратките на младата глумица, поради што доживеа нервен слом. Оланд покажа исклучителна способност за игнорирање на лошите вести; се однесува како дека неговата измамена сега веќе поранешна партнерка не објавила книга во која го опишува како лажен социјалист кој се потсмева на сиромашните, нарекувајќи ги штрбави.

Ангела Меркел

Ангела Меркел, германската канцеларка, го задржа статусот на најсилен европски политичар и лидер на најмноќната европска земја, која одлучува за долговите, финансиите, политиката и проширувањето… Иако многумина сметаат дека нејзината политика за штедење е погубна за европската економија, не постои никој кој би можел да ја спречи во намерата да ги среди финансиите или Грците да ги доведе во ред. Како најголем противник на нејзината политика стегање на коланот се јавува Франција, но Меркел само треба да го потсети Оланд на неговиот рејтинг за одма да го уништи. Дека таа е лидерка на Европа, потврди и британскиот весник Тајмс, кој ја прогласи личност на годината.

Реџеп Тајип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, со солзавец, водени топови и пендреци ги растеруваше демонстрантите, кои застанаа против неговата недемократска влас. Син му беше доведен во врска со голем корупциски скандал. На Турчинките им обрна внимание на тоа дека не е пристојно да се смета во јавност. На сонародниците порача дека контролата на раѓањата е рамна на предавство на земјата. Апсеше обвинители, судии и новинари за кои веруваше дека се поврзани со неговиот најголем политички непријател. Но, како Ердоган да не се заблагодарува на Алах на многу успешната година кога во 2014 освои огромно мнозинство на гласови и стана претседател на Турција, за сега да го менува уставот, така неговата функција шеф на државата да биде посилна од таа која до тогаш ја вршеше – премиерската.

ХИЛАРИ КЛИНТОН  .jpg

Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка, има среќа што речиси повеќе никој и не се сеќава дека таа раководеше со американската дипломатија кога во САД се одлучија да го нападнат Триполи и да го симнат Гадафи, како и кога во еден терористички напад во постгадафиевска Либија беше убиен американскиот амбасадор во таа земја. Во последните 12 месеци таа се смета за најсилен кандидат на следните претседателски избори или веќе ја прогласуваат за прва претседателка на САД. На поранешната прва дама и успева за неа да се пишува и зборува исто или повеќе од сегашниот шеф на Белата куќа.

Абдул Фатах ал Сиси.jpg

Абдел Фатах Ел Сиси, претседател на Египет, покрена војна против политичките противници, реши сосема да ги скрши Муслиманските браќа кои завладеаја по арапската пролет, а која од власт беше симнат со државен удар. Во затвор држи тројца новинари од Ал Џезира, бидејќи не му се допаднало како известувале за пресвртот во Каиро. Сепак, тој нема преголеми проблеми поради својата цврста рака откако Американците зажмурија на неговиот државен удар и продолжија на Египет да испратат воена помош во вредност од 575 милиони долари годишно.

АЛИ ХАМНЕИ.jpg

Ајатолах али Хамнеи, врховен лидер на Иран, може само задоволно да трие раце што Американците и оваа година го затегнаа постигнувањето на нуклеарниот договор со Техеран и го отфрлија укинувањето на економските санкции кои разорно делуваат на иранската економија. Тоа е се лошо за државата, но е добро за верскиот лидер бидејќи неговата власт е сигурна се додека Иран останува екстремно изолиран од остатокот од светот.

Башар ел Асад

Башар ел Асад, претседателот на Сирија, е на чело на земја која се распаѓа во тригодишната граѓанска војна, додека централната војска се бори против неколку бунтовнички групи. Меѓутоа, тој и во 2014 година остана на власт и свој најголем успех може да го смета тоа што не ја доживеа судбината на Хосни Мубарак и Муамер ел Гадафи. Првиот во арапската пролет ја изгуби власта, а вториот го изгуби животот. Минатата година САД сакаа да го бомбардираат Дамаск и да го симнат Асад, а оваа година тој стана нивен прикриен сојузник во борбата против заедничкиот непријател, Исламската држава.

Ким Јонг ун

Ким Џонг Ун, севернокорејскиот лидер, имаше проблеми во семејното водење на државните работи бидејќи мораше да го убие вујкото, висок партиски и државен функционер, поради сомневање дека тој подготвувал заговор против режимот. Сакале да го убијат и во холивудската комедија Интервју, па Ким остро им се заканил на САД никако да не го пуштаат овој филм. Сони тврди дека севернокорејските хакери го пробиле нивниот систем и поради страв од идни сајбер напади на некое време ја одложил премиерата. И покрај семејните интриги, тешките операции и исмевањето на филмот, Ким остана главен во земјата со нуклеарното оружје.