(ВИДЕО) Жители на Велебрдо: Дојдовме од гурбет, не можеме да се видиме, срамота!

Од:

Еве сега сме затекнати малку. Незгодна прилика, затрупани во снег, без струја една недела, ова го нема во ниедна држава. Дојдени сме од на гурбет, да ја пречекаме Нова Година во родниот крај, со нашите најблиски роднини,пријатели, другари и тоа државата наша ни го скина.

Немаме струја 7 дена. Патиштата не ни се проодни, свеќите се изгаснаа, струја немаме не знаеме кој крај да го фатиме и како да се снајдеме. Ова е срамота. Никој од Владата, од државата, никој не `не посетува да каже што е ова. Го нема ни градоначалникот да се појави. За него беше добра Нова Година, во Маврово си ја пречека, а ние што немаме струја, за нас никој не се секира.
Ајде ние дојдовме од странство, имаме месо, а тие што се овде останати во селото, што имаат зимница, фрижидери со месо и други прехрамбени продукти, кој ќе им ја надомести таа штета? Нема струја, луѓето продуктите ги ставаат во снегот, тоа е жива срамота!

Не знам како да кажеме и што да правиме да излеземе од оваа ситуација.
Нека се појави некој, нека дојде, нека види како е, дали е ова лага или виситина. Нека дојде нека види. Нека про[ета малку, нека ги изгнасат и тие нозете на снегов, нека видат во каква ситуација се наоѓаме.

Заборавени од сите, ова навистина е неиздржливо. Со температури -20, со деца мали, немаме ни дрва ни шпорет, да ги запалиш парната не грејат, нема струја, на што да се приклучиме, рече изреволтиран жител на селото Велебрдо.