Освен во Македонија многу ниски температури има и низ целиот Балкан, па така со минус 32 степена, Пештерската висорамнина во југозападна Србија вчера беше најладното место во регионот.
Температура од 26 степени под нулата беше измерена и во градот Сјеница, а бугарскиот и босанскиот хидро-метеоролошки завод издадоа предупредувања за екстремно ниски температури и силен ветер.
За прв пат по 60 години снег падна и на најодалечениот хрватски остров Палагружа.
Мета