ФОТО: Снег на Стража

Од:

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

Врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот, исто така има забрана од 18.00 часот за движење на тешки товарни возила кај Стража.

image-4fec7669f8e7623873da18d5be859b2057ad4b260c3a66605af4ce6f6a8d5b56-V

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема.