Во Јадранско море се појави отровна риба

Од:

Институтот за океонографија и рибарство на Хрватска на својата Фејсбук страница објави предупредување за отровен вид риба под назив фугу.

Оваа опасна риба која уште во 2012. прв пат е откриена во Јадранското море, својата лоша репутација ја стекна поради високото ниво на тетродоксин, отров во организмот. Овој отров е дури 1250 пати посилен од цијанидот.

На сите кои се занимаваат со рибарство им се препорачува да не ја конзумираат оваа риба, бидејќи мала количина предизвикува парализа на дишните органи и предизвикува смрт.