Исламистите од Боко Харам во Нигерија убија 32 лица

Од:

Исламистите од групата Боко Харам убија 32 лица, а десетици киднапираа во напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.

Претставници на власта изјавија дека нападот се случил во недела во зафрленото село Гумсури.

Тие додадоа дека се уште не е познато колку луѓе се киднапирани, но се претпоставува дека во прашање се над 100, меѓу кои има жени и деца.

Според очевидеци припадниците на Боко Харам најпрво ги убиле младите мажи, а потоа ги киднапирале жените и женските деца.

Светските агенции јавуваат дека за овој случај дури сега се дознало, бидејќи во пошироката област била прекината мрежата на мобилната телефонија.

Гамсури се наоѓа на патот за Чибок, каде припадниците на Боко Харам во април киднапирале повеќе од 200 девојчиња од училиште.