Катимерини: Владо Бучковски има вила на Халкидики

Од:

Грчкиот весник „Катимерини“ тврди дека Владо Бучковски има вила на Халкидики, заедно со неколку руски и бугарски политичари. Во текстот кој се набројуваат сите функционери на Балканот кои имаат свои вили во Грција се заклучува дека сите тие инвестирале и го помогнале грчкиот туризам.

„Поранешниот премиер Владо Бучковски поседува луксузна вила во туристичкото село Неос Мармарас на полуостровот Халкидики, 125 километри од Солун, пишува грчкиот весник.

Меѓу останатите балкански политичари кои инвестираат во туризмот на Грција, е и актуелниот претседател на Бугарија, Борис Плевнелиев кој е сопственик на куќа во Оуранополи.

Најмногу инвестирале руските политичари, меѓу кои се Владимир Жириновски и претприемачот Сергеј Фенртоф, член на Управниот одбор на комората за трговија и индустрија во Москва и поранешен офицер во нуклеарната подморница, пишува во весникот.