(ВИДЕО) Приштина: Тројца повредени на протестот против ректорот

Од:

Двајца демонстранти и еден полицаец се повредени денеска пред зградата на Ректоратот во Приштина, во судир на приврзаници на Здружението на воени ветерани и инвалиди на ОВК со полицијата, кои бараат смена на ректорот Рамадан Зејнулаху. Судирите се уште траат, јави Танјуг.

Демонстрантите се обидуваат насилно да влезат во зградата на Ректоратот, за да го истераат ректорот Зејнулаху.

На полицијата и се придружија и припадници на специјалната единица на полицијата на Косово.

Ова е веќе втор протест на Здружението на воени ветерани и инвалиди од ОВК пред зградата на Ректоратот поради незапишување на над 1.000 студенти кои се припадници на семејствата на загинати припадници на ОВК.

Демонстрантите бараат оставка на ректорот на Универзитетот бидејќи не ја спровел одлуката на министерот да запише над 1.000 студенти припадници на тие семејства.