СДСМ изразува сериозна загриженост за подгревањето меѓуетнички тензии, од коишто, како и во сите досегашни случаи, страдаат главно деца.
Во време на училишна настава беше избоден ученик, во тетовската гимназија, Кирил Пејчиновиќ.
Симптоматично е тоа што секогаш кога власта има потреба нешто да покрие се случуваат инциденти од меѓуетнички карактер.
Во недостиг на институционална грижа, учениците и нивните родители, приморани сами да бараат начини на заштита, денеска се одлучија за бојкот на наставата.
СДСМ апелира за воздржување од наметнатите провокации што никому не носат добро, освен задоволување тесни политички интереси, велат од опозициската партија.