Родниот град на мајката на премиерот Никола Груевски, Штип на Свети Никола ќе му го додели на премиерот највисокото градско признание, пренесе Канал 77.
Орденот Свети Никола за заслучни личности за Штип, ќе му доделено на Груевски на свечена седница, на 19-ти декември.
Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“.
– Кога ќе тргнете од Штип кон Велес, ќе видите какво градилиште е. Штип и Источна Македонија ќе добијат експресен пат кон Кочани. За ова е заслужен премиерот Никола Груевски, рече Захариев.
На Свети Никола, Штип ќе добие уште едно ВМРО-вско обележје – Музејот на ВМРО, со восочни фигури на штипјани од раководството на тогашната Внатрешна македонска револуционерна организација. 11 восочни фигури ќе бидат сместени во Куќата на Андонци во ново Село, која сега се реконструира. Покрај вососочната фигура на Гоце Делчев, ќе бидат и фигурите на Ванчо Михајлов, Тодот Александров и Мише Развигоров.
За адаптација на Куќата на Андонци во музеј , државата обезбеди 90.000 евра. Во овој износ не е пресметана изработката на на восочните фигури. Изработката на една восочна фигура во зависност од големината и квалитетот чини околу 150.000 долари.