Артман: Пресудата за Шешељ во Хаг е веќе напишана

Од:

Поранешната портпаролка на обвинителството на Меѓународниот трибунал во Хаг, Флоранс Артман, изјави дека е недозволиво привременото ослободување на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, бидејќи пресудата против него веќе е напишана, иако не е и објавена, пренесе агенцијата Хина.

-Пресудата е веќе напишана, а никој не сака да каже каква е казната. Шешељ не е толку болен да не може да го ислуша нејзиното објавување, рече Артман во интервју за словенечкиот дневен весник „Дело“.

Артман оцени дека ослободувањето на Шешељ е неоправдано и од гледна точка на правата на човекот, подвлекувајќи дека „никој не сака да умре без да добие одговор на прашањето дали е виновен или не“.

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство го обвини трибуналот за неодговорност и подвлече дека за неговата работа се плаќаат огромни
суми, а во замена за тоа се добива само „обид за ревидирање на историјата на конфликтите и привремено ослободување на еден лудак“.