Драма во Количани за 8 кубици дрва

Од:

Стотици гневни жители на Долно Количани синоќа не дозволуваа полицијата да ги одземе дрвата од дворот на нивен соселанец.

Мештаните тврдеа дека, шумската полиција по грешка влегла во двор, каде што немало незаконски исечени дрва, ги исплашиле жените и го малтретирале домаќинот, објави Канал 5.

Потоа дошла и полиција и припадници на специјалните единици и од страв и стрес две жени биле однесени во болница.

Состојбата ескалираше откако жителите на Долно Количани не дозволуваа да бидат одземени 8-те кубика дрва и излегоа сред село да протестираат против решението на шумската полиција.

По патот кон скопското село Количани имаше голем број полициски единици со цел да не се дозволи ескалација на состојбата и нервозата кај жителите да не прерасне во револт. Од МВР го потврдувајте случајот како обид за попречување на нелегална сеча на дрва, при што жителите на Количани со камења гаѓале кон полициските возила.

Нема повредени полицајци. од шумската полиција, изјавија дека од пладне нивните колеги биле држани во заложништво во дворовите на две куќи каде што имало вкупно 8 кубни дрва.