Четири деца затруени во пожарот во Чаир – две во критична состојба

Од:

Четирите затруени деца во пожарот во Чаир се браќа и сестри дознава zdravstvo24.mk од извори на Клиниката за детски болести. Со нив на Клиниката е хоспитализирана и мајката.

Според последните информации од Детската клиника се подобрува здравствената состојба на сите четири деца. Најмалку уште еден ден ќе бидат задржани на лекување. Братчињата се на 9 и 6 годишна возраст, едната сестричка има 4 години, а најмалото дете е девојче на 9 месечна возраст. Живеат во Турција, но пред извесно време дошле на гости во Македонија. За време на пожарот децата вдишале поголемо количество чад кој содржи јаглерод моноксид и две од децата беа приклучени на апарат со кислород, но се во стабилна состојба, информираат за zdravstvo24.mk од Детската Клиника.