Албански новинар со месечна плата од 20.000 евра

Од:

Еден од науспешните уредници на информативните редакции во албанските медиуми Анди Бејтја, ја напушта телевизијата Клан и преминува во Агон чанел.

До тука, како што јави дописникот на МИА, ова и не е некоја вест зашто преминувањето од еден во друг медиум е нормална и редовна појава. Но, Бејтја во Агон чанел, телевизија чиј сопственик е италијански бизнисмен, преминува за голема сума пари од која фаќа несвестица, пренесуваат албанските меидуми, повикуваајќи се на порталот „Опозита“.

Месечната плата за која Бејтја ја менува редакцијата изнесува 20.000 евра.

Инаку, Анди Бејтја претходно беше уредник на информативниот дел во Топ-чанел, потоа премина во телевизијата Визион плус, па во Клан ТВ.