Вучиќ и Рама за јавноста само правеле драма?

Од:

Поранешниот заменик министер за надворешни работи во владата на Сали Бериша, Крешник Чолаку, смета дека репликите на албанскиот и на српскиот премиер, Еди Рама и Александар Вучиќ, при посетата на Рама на Србија, била однапред договерена работа.

Коментирајќи на својот профил на Фејсбук, Чолаку наведува дека тоа го сториле за да се покажат како херои во своите земји, притоа обилно глумејќи наивност.

– Секој кој и најмалку ја познава технологијата на организирање на вакви билатерални средби и нивно презентирање пред јавноста… лесно сфаќа дека можноста е нула да се излезе надвор од претходно подготвеното и договрено сценарио – пишува Чолаку.

Според него, големи државници на нивни средби меѓусебно се заканувале со војна, но потоа пред јавноста се ракувале.

– Не може да се верува дека на еденочасовната средба Рама и Вучиќ не се договориле за Косово. Јасно е дека репликата пред камерите е претходно договорена работа од двајцата, за и двајцата да профитираат политички во нивните земји. Фактички и двајцата да изгледаат како херои во нивните земји, глумејќи наивност -пишува Чолаку.
Тој уште во своето објаснување додава дека пред камерите не си ни подале рака, а по неколку часа вечерале заедно.