Споменикот на Мајкл Џексон-премиера на филм во Скопје

Од:

На 13.ноември, Денот на ослободување на Скопје, ќе биде поставен споменик на еден херој, докажана поп-ѕвезда со иницијали М.Џ.

Информацијата дека на 70-годишнината на ослободувањето на главниот град ќе биде поставен ваков споменик, чии иницијали асоцираат дека се работи за Мајкл Џексон, ја објави „Вечер“.

Според весникот споменикот ќе биде со димензии од 14 метри и ќе биде поставен во ГТЦ. И авторот е наведен со иницијали, а споменикот чини 900.000 евра.

Screenshot_3

Всушност ова е копиран „штос“ што минатата недела го промовираа српските медиуми под наслов „Откриен споменик на Мајкл Џексон во Белград“, а се работи за премиера на филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ во режија на Дарко Луганов, чија премиера беше во трговскиот центар „Ушче“.

Посетителите тогаш можеа да го видат и имитаторот на Мајкл Џексон, Мигел Конча кој настапи со група танчери.