Дваесет млади од Штип и Благоевград научија како се изработуваат грнчарски предмети

Од:

Во рамки на проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ денеска дваесет млади луѓе од општините Штип и Благоевград добија дипломи за правење грнчарски предмети и изработка на бизнис планови.

Проектот е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а партнери се Општина Штип и Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека проектот има за цел да ги возобнови старите занаети кои биле присутни на овие простори.

– Воскреснување на овие занети им дава шанса на идните генерации да ги зачуваат овие занаети, а притоа да го зачуваме тоа културно наследство, рече Захариев.

Вера Алексијева од Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград вели дека проектот ќе продолжи и во Бугарија, каде што учесниците ќе научат како се прави накит.

– Во Благоевград ќе продолжиме со теоретскиот дел, како се пишува бизнис план, потоа буџет за истиот и таму освен гранчарство учесниците ќе правиме и накит и сувенири како час од културното наследство, вели Алексијева.

Проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ е со времетраење од 18 месеци и вкупна вредност од 98.627 Евра.