Почна со работа Комисијата која ќе ги разгледува жалбите за непрофесионално новинарство

Од:

Граѓани, правни лица и медиуми доколку се навредени од некои медиуми ќе можат да поднесат жалба до Комисијата за етика која денеска дека започнува со работа.

Целта е заштита од непрофесионалното новинарство.Жалбата нема да може да се поднесе за конкретен новинар, туку само за целиот медиум.

– Да се обидеме да ги заштитиме граѓаните и јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми, да им помогнеме на сопствениците на медиумите да го избегнат ризикот да плаќаат баснословни казни поради нивниот непрофесионален уреднички и новинарски кадар и да си помогнеме себеси, на новинарската заедница, со јавна осуда за оние кои не водат грижа за етиката во новинарството. Знам дека во денешни услови во Македонија, ваквата цел некои ќе ја наречат донкихотовска. Но, тоа не ни дава за право да не се обидеме да направиме чекор во насока да ги одвоиме професионалците од непрофесионалците, рече новинарот Мирче Адамчевски.

Комисијата за жалби е составена од седум членови, од кои двајца се новинари, двајца сопственици на медиумите и тројца претставници од јавноста. Тоа се: новинарите се Мирче Адамчевски и Беким Ајдини, Теофил Блажевски и Сефер Тахири, Мери Јордановска, а членови се и новинарите Филип Ѓурчиновски и уредничката на „Канал 5“, Лидија Богатинова.

На мејлот [email protected] сите граѓани, организации, компании и други субјекти ќе може да испратат жалба за некој медиумски производ за кој сметаат дека е во спротивност со новинарските стандарди или дека е неетички и непрофесионален. Откако комисијата ќе ја разгледа жалбата доколку одлучи дека се повредени стандардите јавно ќе го осуди медиумот. Очекувањата се да се намали и бројот на тужби против новинари.