Коридорот 10 почна да губи од своето значење кај европските власти заради одолковлекувањето на Србија, но и Македонија доследно не ја заврши својата работа. Ова за „Фактор“ го изјави универзитетскиот професор Вулнет Палоши, експерт по патна инфраструктура. Коридорите се значајни и за енергетиката, област каде во изминатиов период се одвива жестока дебата.
Веста дека Европа се откажува од Коридорот 10, за порфесорот Палоши значи дека на површина излегува Коридорот 4.
– Коридорот 10 почна да губи од своетот значење бидејќи Србија ги одолговлекуваше работите во својот дел, доцнеше дури и со повлекување на средстава. Но, не само Србија и Македонија не ја заврши добро работата. Иако, со довршувањето на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, Македонија ќе го заокружи својот дел од работата на Коридорот 10, сепак аферата со Актор, практично фрла една црна дамка кон целата таа работа, додава Палоши.
