(ВИДЕО) Крстевска: К-15 да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија

Од:

Регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15, кој од годинава е задолжителен во приватниот сектор, да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија, предлага претседателката на Стопанската комора за туризам на Македонија, Лела Крстевска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Таа вели дека на тој начин домашните туристи ќе останат во земјава, ќе се зголеми сезоната, ќе се намалат цените на хотелските услуги и ќе се влијае на растот на туризмот во Македонија.

Туристичката сезона во Македонија и жалбите за лоша туристичка сезона во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески ги обвини медиумите за лошата туристичка сезона, граѓаните, пак, велат дека во Охрид е многу скапо и за тие пари може да отидат на море. Каде е вистината?

Верувајте дека во овие услови на криза со којашто во моментов се соочуваат повеќето земји во светот, а и туристичката индустрија како гранка се соочува со зголемена конкурентност, тешко е да се одржи позитивниот раст, тешко е да се одржи зголемен број на посети, тешко е да се одржат повторливите посети, односно туристите што се враќаа, поради огромниот избор што се јави во последни време, се отвораат нови туристички дестинации, секоја атракција веќе станува туристичка дестинација, аква паркови итн., така што конкурентноста е навистина тешка и во таа смисла Охрид се бори со кризата на свој начин, но и со негативната кампања.

Но, негативната кампања новинарите не ја измислија. Таму навистина има контејнери што не се чистат редовно, навистина кафе што чини три евра колку што чини и на море…