Сеуште не е решена дилемата за застреланииот разузнавач

Од:

Полицијата трет ден по ред нема одговор дали застреланиот разузнавач Јонче Грујоски бил убиен или пак се самоубил. И по извршената обдукција, сеуште не се дава одгворот како настрадал и што е причината за фаталниот крај на овој поранешен припадник на единицата Тигри.

41 годишниот Јонче Грујоски беше пронајден во Агенцијата со огнострелна рана во срцето, а во неговото канцеларија каде што беше застрелан полицијата пронајде и еден пиштол кој го зеде за вештачење. Настанот го пријаваија од Градската болница каде Грујоски беше пренесен и каде констатираа смрт. Од МВР велат дека во текот на утрешниот ден се очеклуваат повеќе детали за случајот.