Трагедија: Изгубил контрола на моторот и паднал, сопатникот починал на лице место

Од:

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Синоќа двајца штипјани со моторцикл Јамаха тргнале кон падините на Плачковица, за да се повозат, но возачот Ј.М. изгубил контрола и паднал на коловозот.

На местото на несреќата поради сериозноста на повредите починал сопатникот, 41-годишниот Ангелче Костадиновски, додека возачот се здобил со сериосни повреди и е задржан во штипската болница.

Се истражуваат причините за несреќата.