Ханс Борст, таткото на седумнаесет годишната ученичка Елземик де Борст од Холандија, која загина во авионот на „Малезија ерлајнс“, напиша отворено писмо во кое рускиот претседател го нарекува чудовиште и го обвинува за смртта на својата ќерка.
Девојката била заедно со нејзината мајка, полубратот и очувот во авинот, кој е соборен во источна Украина.
Ханс во потресното писмо ги навел сите работи, кои неговата ќерка планирала да ги направи по завршување на средното образование.
-Неа одеднаш ја нема. Загина во друга држава во која има војна. Се надевам дека си горд што заврши нејзиниот живот и дека можеш да се погледнеш во огледало -напишал таткото.
Е. Г.