ФОТО: Тешка сообраќајка во Ѓорче, едно лице загина

Од:

Едно лице загина а друго е тешко повредено во страотна сообраќајка која се случила рано утринава во 4 часот и 15 минути во Ѓорче Петров.

Се судриле комбе „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од 29 годишниот И.М., комбе „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 37 годишниот М.Н. и автомобил „Цитроен“, зад чиј волан бил 33 годишниот Тони С. од Скопје.

На лице место починал 33 годишниот Тони, додека неговиот сопатник, 35 годишниот Д.Ј. заработил тешки повреди и бил пренесен на скопскиот Ургентен.

ФОТО: Телеграф