(ФОТО) Пожар во скопски ресторан

Од:

Рано утрово во скопскиот ресторан К’смет лоциран на улицата „50 Дивизија“ во Скопје изби пожар.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал околу 2:30 часот од засега непознати причини, но истиот бил локализиран.

Во пожарот нема повредени лица.

Увидот е во тек по што ќе бидат познати детали за избувнувањето на пожарот.