НДП влегува во Собранието, за тоа ДИК го известила вчера Собранието на РМ дека Мирсада Емини – Асани го прифаќа мандатот.
НДП освои едно пратеничко место, но носителот на листата во 6-та Изборна единица, Руфи Османи, доскорешен претседател на партијата, пред конституирањето на новиот собраниски состав, поднесе оставка, исто како и сите 20 кандидати на листата, но откако Емини – Асани решила да го прифати мандатот, сега НДП ќе биде присутна во Собранието.