(ФОТО) Избрани уметниците од „Паратисима“ кои ќе се претстават во Торино

Од:

Граѓанското здружение „Континео 2020″ од Скопје во соработка со ЈЛДА (Young People for Local Development Association) од Торино, Италија ги објавија имињата на селектираните уметници од Првиот саем на современа уметност – „Паратисима Скопје”, кои по учеството на саемот од 13 до 15 јуни во Младинскиот културен центар, беа селектирани и наградени со учество на Паратисима Торино, Италија која ќе се одржи во ноември, 2014 година. Како што информираше организаторот на првото издание на Паратисима Скопје учествуваа околу деведесет уметници кои се претставија со различни видови дела од визуелната уметност, дизајн и накит, уметнички перформанси ,проекции, музички концерти, работилници, презентации, и други содржини.

10489135_10204211661346943_1405388573_n
На Паратисима Скопје се претставија автори од повеќе земји меѓу кои и Италија, Франција, Грција и Црна Гора.

10487749_10204211667747103_1039210667_n
Селектираните учесници за оваа година се: Ленче Андонова, Борче Богоевски, Ана Лазаревска, Ненад Тонкин, Творница, Калина Брајковска, Лудус и Џаст Бикоз (Just Because), Маја Кировска, Горан Менков, Бојан Ивановски. Вон селекцијата е уметницата Александра Илиќ којашто беше спомената како млад автор којшто се истакна со своето дело и настап.

10477390_10204211654346768_1782899912_n

Селекцијата ја изведоа уметничките директори на Паратисима Скопје – Елена Вељановска и Паратисима Торино – Алесандро Стило.

10474325_10204211669187139_343443733_n

Паратисима Скопје се реализираше со финансиска поддршка од Стопанска комора Торино и во партнерство со Младинскиот културен центар.