„Лалињата“ го понижија светскиот шампион

Од:

Актуелниот светски шампион е понижен на стартот од Мундијалот. Шпанија загуби од Холандија со убедливи 5:1, возвраќајќи им со полна мера за поразот во финалето на СП во Јужна Африка.

А Шпанија поведе со 1:0. Диего Коста одработи пенал, повторно сомнителна судиска одлука, а Чаби Алонсо успешно реализираше од белата точка. Во 27. минута, „црвената фурија“ поведе.

Но, фуријата потоа продолжи од холандска страна. Ван Перси со фантастичен удар со глава во 44.минута израмни на 1:1 и најави одлично второ полувреме.

Арјен Робен зголеми на 2:1. Дефанзивецот Де Вриј во 65. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на Шпанија и по прекин на игра постигна трет гол во мрежата на светскиот шампион, а нокаутот дојде од најголемите ѕвезди, Ван Перси и Робен, кои уште по еднаш се запишаа во листата на стрелците.