Рамуш Харадинај ќе биде новиот косовски премиер?

Од:

Премиер на Косово ќе биде лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, е резултатот на договорот меѓу претставниците на оваа партија и Демократскиот сојуз на Косов и Иницијативата за Косово, дознава Танјуг од извори блиски на овие партии.

Според истите извори, Демократскиот сојуз на Косово ќе го добие местото претседател на Косово и претседател на Парламентот, додека лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај, ќе биде заменик премиер.

Извори на весникот „Експрес“ наведуваат дека лидерите на опозициските партии на Косово се договориле Харадинај да биде идниот премиер на Владата на Косово.

-ДСК, АБК и Иницијативата за Косово се договорија да не влегуваат во коалиција со Демократската партија Косово, на Хашим Тачи. Иса Мустафа и Фатмир Лимај се согласиле местото премиер во идната заедничка влада да му припадне на Рамуш Харадинај, вели изворот на весникот.

Оваа влада, како што тврдат медиумите во Приштина, ќе биде поддржана и од партијата Самоопределување на Албин Курти.