Петнаесет лица се повредени денеска при судир на три автобуси во центарот Белград, објави Б92.
Повредените биле веднаш пренесени во болница и ниту еден не се наоѓа во животна опасност.
До инцидентот дошло кога минибус удрил во голем автобус, а тој по инерција удрил во трет автобус.
Во сообраќајната несреќа причинета е поголема материјална штета.
ФОТО: Танјуг