ФОТО: Едно лице загина во сообраќајка на хрватски автобус во БиХ

Од:

Едно лице загина, а деветмина се повредени денеска кога хрватски автобус излетал од патот во близина на Босански Брод, соопшти портпаролката на полициската станица во Добој, Љерка Станимировиќ.

Автобусот возел на релација меѓу Неум и Винковци, а во него во моментот на несреќата се наоѓале 14 патници и двајца возачи.

– Во инцидентот загина маж на возраст од 77 години, истакна Станимировиќ.

Повредените се пренесени во болница во Славонски Брод и се надвор од животна опасност.

Novo selo autobus poginuo putnik