Баба Ванѓа предвиде: Ќе тече река од лешеви, 2014 ќе биде катастрофална!

Од:

Украинскиот бизнисмен, Анатолиј Лубченко тврди дека во разговорот кој што го водел со легендарната баба Ванѓа, непосредно пред нејзината смрт, таа рекла дека 2014-та ќе биде катастрофална година.

Вангелија Гуштерова, позната ширум светот како видовитата баба Ванѓа, открила дека на пролет светот го очекуваат големи поплави, кои ќе однесат многу животи.

Не прецизирала кој дел од Земјата ќе биде опфатен, а различни видовити лица предвидуваат дека таа мислела на повеќе поплави кои што ќе се случат.

Кога ќе помине катастрофата, според нејзините тврдења светот го очекува уште поголем пекол.

Се работи за кожна болест, епидемија која наводно ќе биде поопасна од сида, а ќе ги зафати машките лица. Баба Ванѓа ги има предвидено смртта на принцезата Дајана, крајот на Хитлер и Сталин, нападот на трговскиот центар во Њујорк, распадот на СССР, смртта на бугарскиот крал Борис Трети, како и сопствената смрт.

Е.Г.