Русија доаѓа на помош во Србија

Од:

Авион со 60 руски спасувачи тргна за да помогне во справување со поплавите во Србија.

Руски авион „Илјушин“ според најавите од српските медиуми вечерва треба да слета на аеродромот во Ниш.

Српската влада упати писмо до Русија, Европската комисија и до Владата на Словенија со молба за хуманитарна и техничка помош за отстранување на последиците од поплавите.

Русија прва реагираше и веќе упатила авион кон Србија.