Трет пролетен Веро вино-фест ќе се одржи од денеска до 11 мај, пред отворениот паркинг простор во Веро-центарот во Скопје. Денеска и утре програмата ќе почне во 17 часот и ќе трае до 1 часот после полноќ, а од петок забавата се поместува еден час подоцна.
– И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното. Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат Тамбураши, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса и многу други.
Влезот за сите посетители е бесплатен.