Стан на третиот кат во зградата во скопската населба Карпош 4 се запали вечерва при што две жени, мајка и ќерка се повредени и префрлени во болница.
Станува збор за голем пожар кој избил во една од собите во станот, при што од вдишаниот чад во лоша состојба беше една возрасна жена, а нејзината ќерка во зрели години помина со полесни повреди, пренесе Сител.
При гаснењето на пожарот учествуваат две противпожарни возила, а пламенот од станот ги исплаши и соседите кои по интервенцијата на пожарната останаа на улицата Волгоградска која е во непосредна близина на Скопје сити мол.