(ФОТО) „Лице в лице“ за поголема свесност за трансплатација и дарување органи

Од:

Денеска на плоштадот „Македонија“ се одржа настанот „Знаеш ли?“ чија цел беше поголема информираност на граѓаните за трансплантацијата и дарувањето органи, како највисок чин на хуманост.

Во рамки на случувањето беше промовиран и најновиот број на активистичкото списание „Лице в лице“, а на присутните им беа поделени информативни материјали од страна на волонтери, студенти-членови на непрофитната медицинска организација ЕМСА.

Посетителите имаа можност да го купат и најновиот, 10. број на „Лице в лице“, промовиран од актерите Гораст Цветковски и Бесфорт Идризи, и спортистката Наташа Илиевска, дел од овогодишната победничка двојка на шоуто „Танц со ѕвездите2“, а за музиката на настанот беше задолжен Andonoff Toci.

„Знаеш ли?“ е во организација на платформата за активизам „Лице в лице“, ЈЗУ Клиника за детски болести, Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова и „Мактрансплант“. Погледнете ја атмосферата од целиот настан видена низ објективот на фотографите: Роберт Атанасовски, Виктор Поповски и Борче Поповски.

10331652_10203835019451131_1516499245_n

10318615_10203835021171174_1154444412_n

10311904_10203835026411305_1170722120_n

10307044_10203835024491257_949400956_n

974323_10203835017171074_885114182_n