АРД: Скандал во Македонија

Од:

„Опозицијата во Македонија не ги признава резултатите од претседателските и парламентарните избори“, објави првата програма на германската телевизија (АРД) синоќа на својата интернет страница.

Во текстот насловен „Скандал во Македонија“ АРД пренесува:

„Социјалдемократската опозиција не го признава резултатот. Шефот на партијата Зоран Заев го обвини премиерот Никола Груевски дека во изборната кампања користел државни средства за да обезбеди реизбор за себе и за својот сојузник, претседателот Ѓорге Иванов. Исто така, биле купувани гласови“. Во текстот уште се цитира изјавата на шефот на СДСМ Заев дека „граѓаните беа измамени, немаше услови за слободни и фер избори“, се наведува дека опозицијата бара нови избори органзирани од техничка влада.

АРД го пренесува и ставот на Државната изборна комисија дека изборите биле спроведени според прописите и дека биле регистрирани само помали неправилности.

Германската телевизија ги пренесува и првичните резулатати од изборите, односно дека е во водство владејачката партија на премиерот Груевски и дека тој се надева на апсолутно мнозинство.