(ВИДЕО) Уште еден судир меѓу Нова демократија и Сириза за Македонија

Од:

Името на Македонија и утрово беше една од главните причини за расправија меѓу грчката владејачка партија Нова демократија и опозициската Сириза.

Иако и вчера се огласи на оваа тема, поратпатролот на Нова демократија Ана Асимакопулу утрово во емисија на телевизијата Мега повторно реагираше на изјава на кандидатот за европратеник на Сириза Стелиос Кулоглу во интервју за македонски „Телеграф“ во кое тој вели дека нашата земја ја нарекува Македонија.

Асимакопулу во емисијата го праша пратеникот на Сириза Димитрис Стратулис како неговата партија ја нарекува Македонија.

– Како го викате Скопје? Го нарекувате Македонија или Скопје ? Јас не знам. Ја нарекувате Фиром?, праша видно лута портпаролката на Нова демократија.
На ова Стратулис одговори дека меѓународното име под кое земјата моментално е регистрирана е ФИРОМ, избегнувајќи да ги коментира изјавите на Кулоглу.
– Но вашите кандидати за пратеници за Европскиот парламент ја викаат Македонија. Тоа не е важно, веднаш врати Асимакопулу.

Кандидатот за европратеник на Сириза Стелиос Кулоглу во интервју за македонски „Телеграф“ објавено кон крајот на минатиот месец вели дека Македонија ја нарекува Македонија „како и другите луѓе во светот“, и оти „смешниот спор за името го започна Самарас“.