Американски форензичари: Снимката не е монтажа!

Од:

Американски форензичари ја започнаа експертизата на аудио снимката која ја објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поврзана со случајот земање на кеш пари за македонска банка.

Според првичните наоди, аудио снимката е веродостојна, односно не е монтажа.

Иако целосното вештачење се очекува следната недела во изјава за 24 Вести Зоран Ивановски, кој долги години живее и работи во Америка и кој самоиницијативно со поддршка на Републиканската партија побара вештачење, вели дека има поклопување на гласот од снимката со гласот на премиерот Никола Груевски.