Спасовски и Ковачевски повикаа на масовност во недела

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и носителот на кандидатската листа за петтата изборна единица, Васко Ковачевски заедно со кандидатите за пратеници денеска повикаа на масовна излезност на претстојните парламентарни и претседателски избори во недела. Тие на средби со граѓаните на Охрид ја претставија изборната програма на СДСМ, но и идеите за развој на Република Македонија.

Мора да направиме се, за да ја поправиме оваа погубна политика која се води во Република Македонија. Мора да направиме се затоа што премногу млади луѓе ја напуштаат државата. Сметаме дека е погрешно мотото на Груевски дека државата е пред се. Сметаме дека граѓаните се пред се, затоа што без граѓани нема да има држава. Сакаме да ги охрабриме охриѓани без оглед на притисоците кои ги имаат од локалната и централната власт масовно да излезат во недела на 27 ми април и да гласаат. Само преку масовност на изборите можеме да ги стопираме сите работи кои ги прават во изборниот процес, уцени, поткупувања, притисоци, закани, за да можеме да му застанеме на патот на ова зло кое е во Република Македнија – истакна генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

И носителот на листата за пратеници на СДСМ во петтата изборна единица повика граѓаните в недела масовно да излезат и да гласаат за бројот 3 за Стево Пендаровски и за бројот 1 за промените кои ќе ги донесат пратениците на СДСМ.