Заев од Дојран: Да го вратиме просперитетот на Македонија

Од:

Во чест на Христовото воскресение да го прославиме празникот во мир и сите заедно да ја вратиме надежта за послободна, помирна и просперитетна Македонија, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев од средбата со граѓаните во Дојран

Заев посочи дека промотивните политички кампањи на Социјалдемократскиот сојуз денеска ќе мируваат.

– СДСМ денеска заедно со народот ќе го слави и ќе го чествува големиот христијански празник Велигден.Чест ми е што ја имам можноста од овој наш убав македонски град Дојран, да им го честитам големиот христијански празник Велигден на сите христијански верници. Овој голем ден да ни донесе здравје, семејна среќа и бериќет на сите семејства и на нашата Македонија – рече Заев.

Во неделната празнична прошетка низ улиците на Дојран на Заев му се придружи и носителот на 4 изборна единица, Хари Локвенец.

DSC_0311

DSC_0298

DSC_0288

DSC_0285

DSC_0306