Обесиле слончица поради убиство на тренерот

Од:

Триесетгодишната слончица Мери од циркусот на браќата Спаркс обесена е во септември 1916 година поради убиството на тренерот Ред Елдриџ.

Насилството е нешто што животните во циркузите се среќаваат секојдневно, не само денес туку и пред речиси 100 години било така.

Таа 1916 година циркузот на браќата Спаркс бил во градот Ервин во Тенеси, а слончицата Мери во тоа време имала 30 години и над пет тони.

Сопственикот барал некого да се грижи за Мери, а тоа бил несреќниот Ред Елдриџ кој немал искуство и на првиот работен ден почнал со стап да ја мава слоницата, која се изнервирала и го фатила преку половината со сурлата и го фрлила неколку метри подалеку, за несреќа тој им подлегнал на повредите.

Од тој момент слоницата е наречена „Убицата Мери“ и граѓаните барале правдата да биде задоволена, а Спаркс морал да го направи тоа доколку сакал да остане во тој бизнис со добра репутација.

Морал јавно да го направи тоа и на индустриски кран првиот обид бил безуспешен, ланецот пукнал, а Мери го скршила колкот, вториот обид бил кобен за Мери, а таа е закопана недалеку од тоа место.

Чарли Спаркс во 1961 година е примен во циркуската куќа на славните, без оглед на овој немил настан.

А легендата за слончицата Мери сеуште живее во гратчето Ервин во Тенеси.