ВИДЕО: Сам си ја направл омилената кола – ламборџини

Од:

Повеќето љубители на автомобили, нивните најпосакувани модели од „ламборцини ревеншон“ што чинат околу 1,6 милиони долари, можат да ги видат само на слика. Но, еден од нив не можел да се помири со тоа, па за 10.000 долари си направил сам свое ламборџини.

Кинезот Ванг Јиан (28) кој потекнува од скромно земјоделство семејство, на 16 години одлучил да се обучува и да стане автомеханичар потикнат од својата љубов кон автомобилите.

На својот омилен автомобил започнал да работи минатата година.

„Ми се допаѓаа спортските автомобили уште од кога бев дете, па верував дека можам и знам сам да си направам мој автомобил“, изјави Ванг.

Се разбира, со својот скромен буџет не можел да си дозволи скапи делови, па искористил се што имал и можел да најде, од мотор од комбе, стари делови од фолцфаген и слично.

Автомобилот го користи во секоја прилика, па дури и за носење губриво до нивите на родителите.