Возилото на уредникот на порталот Охрид Скај , Сашо Денесоски утрово повторно било цел на напад.
За разлика од претходно, кога возилото беше уништувано и демолирано, овој пат напаѓачите го нагрдиле со спреј со црвена боја.
Напаѓачите се снимени со видео камера- пренесува порталот Охрид1.
Денесоски по првиот и вториот напад куќата во која живее ја ставил под заштита на агенцијата за обезбедување „Питон“, кои на куќата поставиле безбедносни камери.
Денесоски утрово не сакаше да даде изјава , но најверојатно снiмките ќе ги предаде на полицијата и ќе ги објави јавно.