ВИДЕО: Чак Норис „растура“ и во видео игри

Од:

Чак Норис освен во филмовите и секако во сите вицеви, сега стана и јунак на најпознатите видео игри како „Тетрис“, Супер Марио“, „Пекмен“ ,благодарение на еден популарен автор на видео снимки на „Јутјуб“

Како омилен лик за експлоатација, ликот на Чак Норис е измонтиран во старите верзии на популарните видео игри, па така во „Тетрис“ се бори со коцките што паѓаат.

Во неговата верзија на „Супер Марио“, препреките сами паѓаат пред Чак Норис.

Пекмен се игра сам од себе, така што Чак Норис со еден удар успева да ја „растури“ целата игра.

Чак Норис користи кунг-фу и на картинг стазата, каде ги „чисти“ противниците како од шега.

Не е помалку насилен и во играта „Angry Birds“.