ВИДЕО: Најдобар татко на светот

Од:

Кога би постоела титула „ Татко на столетието“, американецот, Рик ван Бик, би бил нејзин горд носител.
Овој пожртвуван татко од Мичиген, од љубов кон својата 13 годишна ќерка, која боледува од церебрална парализа, го заврши триатлонот, во кој долж патеката ја носеше или туркаше количката на ќерката. Но ова е само еден од 70-тите вакви настани.

Неговата ќерка Меди, многу сака да биде надвор, и нејзиниот татко Рик, одлучи да формира тим „Меди“, и да учествува во триатлон, во дует со неа. Триталонот се состои од пливачки дел од половина километар, тркачки дел од 5 километри, и велосипедска патека од 20 километри. Рик на тркачкиот дел ја туркаше количката на Меди.

„Она се однесува како дете од три месеци, но ужива во допирот со природата“, вели Рик.

„Наречете го ова инспирација, мотивација, како сакате. За мене тоа е љубов“, вели Рик.

Не е ни чудо што го нарекуваат „Татко на столетието“.